Секој чекор за заштита на нашата Планета Земја е и повеќе од потребен! Земјата не е само наш дом, таа е нашата иднина.
Оваа година, во месец февруари го објавивме нашиот конкурс „ЗАЕДНО за зелени идеи“ со цел да поддржиме проекти кои се посветени на зелени и одржливи иницијативи.
Денот на Планетата Земја решивме да го прославиме со објава на избраните проекти од нашиот конкурс: ЗАЕДНО за зелени идеи! кои ќе ги поддржиме во нивната реализација со повеќе од 1 милион денари.
Проектите може да ги погледнете во продолжение!